Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на самиот почеток на денешната прес конференција најпрво ги осуди сите вербални напади и закани од страна на пратениците на СДСМ кои што беа направени во текот на вчерашниот ден.
Како што рече дел од нив се гледаат на снимките кои што ги гледаме на некои интернет портали, дел од тие вербални напади и закани се случуваа во ходниците и тоа најчесто од мажи пратеници од СДСМ кон жени пратенички од ВМРО-ДПМНЕ. Подвлече дека тоа говори за нивното ниво, тоа говори за состојбата во која што сами се доведоа и говори за недостатокот на аргументи и недостатокот на совест при вршење на работата пратеник.
Но како и да е, дозволете ми да го објаснам и формалниот дел од проблемот кој што настана. Во Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија во членот 1, не подолу, во членот 1 во ставот 2, Деловникот на Собранието им дозволува на работните тела, без разлика дали се постојани или привремени, да донесуваат правни акти со кои што ќе ја регулираат својата работа. Тоа досега го имаат направено повеќе работни тела односно повеќе комисии. Дел од нив постојани, а дел од нив привремени работни тела. Друг дел од комисиите немаат донесено такви правни акти, деловници или одлуки, што значи Деловникот на Собранието на Република Македонија во својот член 1 став 2 дава можност на било која комисија, па и на Комисијата за образование, наука и спорт да донесе одлука со која што ќе ја регулира својата работа. Одлуката која што е донесена од страна на Комисијата за образование, наука и спорт е идентична со текстуалниот дел од Деловникот кој што се однесува за водење на пленарни седници и за право на говор на пратеници на пленарни седници. Значи накратко кажано, Деловникот дава право на секое работно тело да донесе правен акт, а правниот акт кој што е донесен од страна на Комисијата за образование, наука и спорт е во целосна согласност со Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. Тоа е формалниот дел, истакна Димовски.
Колегите од СДСМ…