Утре поради технички зафати без вода ќе бидат корисниците од делови од општина Центар.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека на ден 17.02.2016 ( среда ) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците „Ѓуро Ѓоновиќ“ и „Стеван Цветковски“, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работите без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало и дел од Народна Банка на Република Македонија во општина Центар.