Припадниците на министерството за внатрешни работи во Пожаревац утрово во село Бродице пронајдоа безживотни тела на маж и жена, и тоа во септичка јама во дворот од семејна куќа.
Нивното исчезнување е пријавено во неделата од страна на соседите.
-Увидот е во тек, а полицијата интензивно презема мерки и дејства за расветлувањето на околносите за овој случај, соопштува српското МВР.