Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека ако СДСМ сака да одлучува околу продажбите на државниот имот, треба да излезе на избори и да се бори за довербата на граѓаните, а не да се крие зад мизерните изјави на Стефан Богоев.
Во време кога за само два месеци се промовирани 34 проекти за младите кои го подобруваат и ќе го направат уште подобар во иднина стандардот и квалитетот на живот на младите, Стефан Богоев со неговите настапи од кои се срамат и оние кои стојат позади него, пропаѓа во мизеријата со која се полева, презентирајќи ја целата деструктивност и ароганцијата на СДСМ
Нема да е прв пат ароганцијата и бедотијата во духот да уништи млади луѓе, граѓаните се нагледале вакви ликови во редовите на СДСМ.
За потсетување на Богоев и СДСМ, еве ја листата на најновите 34 проекти наменети за младите:
Вчера беа претставени најновите 7 проекти:
- Намалување на партиципацијата за 50% за студентите од самохрани и еднородителски семејства
- Отворање на специјализирана национална математичка гимназија, која ќе нуди образование по посебни наставни планови и програми
- Нов отворен базен во комплексот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“
- Нов Конгресен центар во Охрид
- Парична стимулација за упис на техничките факултети
- Возобновување на Учителската школа во Скопје
- Изградба на современи и подвижни бини за настани и манифестации на плоштадите
Покрај овие најнови 7 проекти, ова се уште 27 други проекти за млади промовирани во изминатите 2 месеци:
- Еден клик
- Промена на студентскиот статус,
- Саем на средношколски иновации,
- Отворен пливачки базен во општина Шуто Оризари,
- Нова спортска сала за Факултетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид,
- Затворена тениска арена во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје,
- Гимнастичка сала во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје,
- Нов амфитеатар со 9.000 седишта во Скупи за одржување на концерти, претстави и други културни настани со што овој амфитеатар ќе биде единствен во целиот регион,
- Загарантирано вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии секоја година,
- Комплетно реновирање на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје,
- Стипендии за средношколци кои ќе освојат награда на научна олимпијада и за нивните професори,
- Нови пет скејт паркови во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово и Куманово,
- Целосна реконструкција на Офицерскиот дом во Битола во кој ќе биде сместена новата матична служба во Битола за регистрација на брачните парови,
- Купи куќа за млади,
- Средношколска среда,
- Бесплатен јавен превоз за редовни студенти од државните универзитети,
- Бесплатни патувања за најдобрите студенти во Париз, Венеција и Барселона,
- Железнички викенд за млади до 27 години, 1 и 3 викенд од месецот,
- Бесплатна обука за основни компјутерски вештини и странски јазици (англиски, француски и германски) за млади до 29 години,
- Перални и сушални во студентските домови низ државата,
- Изградба на фитнес зони во 18 градови низ Република Македонија,
- Отворање на нови читални во Велес, Струмица и Аеродром,
- Изградба на 150 игралишта за баскет,
- Инвестирај во својата иднина – стипендирање на постдипломски и докторски студии,
- Ново матично во Скопје,
- Изградба на нова голема мултифункционална читална во Скопје,
- Комплетно реновирање на национална универзитетска библиотека Свети Климент Охридски.
На граѓаните не им треба потсетување за кого им е во најдобар интерес да гласаат на 24 април. Кога ќе го видат Богоев, го гледаат лицето на СДСМ од кое се срами секој Македонец, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.