Бесими: Mигрантите ги имаат сите услови за престој и хуман третман

Бесими: Mигрантите ги имаат сите услови за престој и хуман третман
Бесими: Mигрантите ги имаат сите услови за престој и хуман третман
Македонија мора да има цврста координација со сите земји од регионот, земјите од балканската рута и ЕУ и успешно да ги имплементира одлуките на ЕУ и оние што се очекува да се донесат утре на самитот во Брисел, е една од констатациите на денешната донаторска координација во ПТЦ Гевгелија со претставниците на сите меѓународни организации кои помагаат во справување со бегалската криза, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, по денешниот работен состанок во ПТЦ Гевгелија.

Бесими напомена дека целта на неговата посета во Гевгелија е да види и каква е состојбата во кампот пред неделата во која очекуваме во Брисел да се донесат важни одлуки за понатамошно справување со бегалската криза.

Процесот со бегалците, истакна Бесими, е сложен затоа што има хуманитарни и формално правни димензии кои мора да се почитуваат за да им се излезе во пресрет на луѓето на кои им е потребна помош согласно меѓународните стандарди.

– Видов денеска како изгледа тоа во овој центар. Ја поминавме целата патека на бегалците од нивниот прием во центарот, сместување, храна, укажување помош од секаков вид и постапката со биометриската регистрација и се уверив дека во ПТЦ Гевгелија мигрантите ги имаат сите услови за престој и хуман третман до нивно транзитирање низ земјава, нагласи вицепремиерот Бесими.

Тој посочи дека на донатоската координација во Гевгелија било разговарано и за подготовките за соочување со предизвиците кои би се случиле при евентуално затворање на граници и носење еднострани решенија од некои земји кои би можеле да поредизвикаат дополнителни проблеми.