Ставрески: Земјоделецот знае дека има партнер во Владата, извозот на храна е двојно зголемен меѓу 2006 и 2015 година

Субвенциите се едни од нашите најкрупни ветувања и задоволство е што веќе 10 години по ред тоа ветување го исполнуваме кон земјоделците. Субвенциите имаат двоен ефект, тие на земјоделецот му даваат сигурност, стабилност и дополнување на неговите приходи и на тој начин се овозможува навреме да се добијат средствата, истакна министерот за финансии Зоран Ставрески.

Земјоделецот знае дека има партнер во Владата, знае дека треба да добие субвенции и знае колку ќе добие и знае кога ќе ги добие, му создава сигурност на земјоделецот. Во поглед на делот на субвенциите земјоделците со ВМРО-ДПМНЕ знаат на што се, вели Ставрески.

Според него вториот ефект од субвенциите за земјоделците е макроекономски.

Со субвенциите се зголемува вкупното производство и е зголемен извозот. Во 2015 година извозот на земјоделското производство изнесува 487 милиони евра додека во 2006 беше 318 милиони евра. Извозот на храна е двојно зголемен меѓу 2006 и 2015 година, извозот на вино е зголемен, извозот на тутун е зголемен. Извозот на сите земјоделски производи расте во овие години и има позитивен ефект врз трговскиот биланс, рече Ставрески.