Летното сметање на времето почнува следниот викенд

Летното сметање на времето во Европа ќе започне во текот на ноќта меѓу 26 и 27 март, кога часовниците треба да се поместат еден час напред.

Во 2:00 часот наутро, ноќта меѓу саботата и неделата, казалките на часовниците треба да поместат за еден час нанапред – на 3.00 часот.

Летното сметање на времето во Европа ќе трае се до последната недела во октомври, кога почнува зимскиот период.
Летно сметање на времето во поранешна Југославија е воведено на 27 март 1983 година.

Од 2002 година, Европската унија и други земји во Европа направија почетокот на летното сметање на времето да започне во последната седмица од март месец и завршува во последната недела во октомври.