Aвстрискиот канцелар Вернер Фајман смета дека Германија и понатаму на бегалците им праѓа погрешни сигнали. Иако балканската рута е затворена, бегалците стасуваат во Европа, преку нова рута, очигледно преку Италија, пренесува „Танјуг“.
Погрешно е да се наградува некој што плаќа криумчари за во Германија да добие полна социјална поддршка, додека некој, кој е под заштита на УНХЦР и чека на легално патување, не довива ништо, критикуваше Фајман во виенскиот весник „Кронен цајтунг“.
Тој истакна дека ако не се укаже на овој проблем може да дојде до проблеми во преминот Бренер, затоа што рутата преку Италија станува се поатрактивна.
Конкретно, тоа, според неговите зборови, би совело до тешка политичка, организициона и политичка ситуација, а на крајот би довело и до воспоставување на сличен систем за управување како на Шпилфилд кон Словенија.
Фајман смета дека пред сите, Германија би требало да дејствува.
Ако Германија може да замисли да прими половина милион, 600.000 или 700.000 бегалци, тогаш тоа во принцип е нивна работа, но би требало да ги презема тие луѓе од лице место, пред да тргнат на илегално патување, смета австрискиот канцелар.
Тој објасни дека тоа е можно така што на надворешната граница на ЕУ, или преку УНХЦР надвор од Унијата би се утврдило кој има право на азил и да им се издаде транзитна виза, со цел уште таму да се направи распределба.