Специјалното јавно обвинителство со Записник за примопредавање на предмети, преку истражител во МВР, ги вратило одземените лични карти за наводниот криминал кој го откри Оливер Спасовски и со кој ја манипулираше јавноста, пишува Курир.
Како што дознаваме, освен во Скопје одземени лични карти биле вратени и во Гостивар – 1168. Во Струмица 217, 189 во Струга, 178 во Кичево. Лични карти се вратиле и во Тетово, Куманово, Велес, Неготино, Битла, Прилеп, Дебар, Македонски Брод, Делчево, Валандово, Радовиш, Гевгелија, Штип, Крушево, Кавадараци, Неготино, Кратово, Берово и Свети Николе.
Ваквиот записник е само уште една потврда во низата со кои паѓаат во вода сите манипулации и конструкции дека некој од вработените правеле било каков криминал при издавањето на личните карти. Целата конструкцијапочна да излегува на површина кога засегнати граѓани јавно се пожалија дека семалтретирани и тормозени само за некој да ја добие улогата и да глуми криминал.
За потсетување, таков беше примерот со Македонка од Лондон која не можела да си ја подигне личната карта бидејќи и била одземена од Катица Јанева.