Клековски: Заев даде условен бојкот и не ја затвори целосно вратата за избори

СДСМ нема да оди на избори
СДСМ нема да оди на избори

Лидерот на СДСМ Зоран Заев даде условен бојкот и не ја затвори целосно вратата за избори. Тој посочи дека треба да се направат неколку работи за сите да учествуваат на избори, изјави политичкиот аналитичар Сашо Клековски.

Треба да се направи сè што е возможно за да сите партии учествуваат на избори. Оваа т.н. кризна состојба влијае врз целото општество и на животот на граѓаните кои поради овие случувања се во стресна состојба. Кризата го истоштува општеството, а доколку сите фактори направат сè што е во нивна моќ, тешко дека СДСМ ќе одбере да ги бојкотира изборите, анализира Клековски за ТВ Нова.

Има што да се заврши, има работа, а тоа го вели и ЕУ, но и има доволно време ако сите работат во таа насока, дополнува Клекоски.

Доколку има поместување на договореното и ако нема напредок во спроведувањето СДСМ ќе има изговор за бојкот. Не ни треба враќање во минатото, потенцира Клековски.