Пејачката Сека Алексиќ (35) чека син! Нејзиниот сопруг Велјко и таа пред неколку дена дознаа за полот на детето и не ја криеја радоста.
Двојката оваа вест ја дозна на празникот Благовец, а со оглед дека Сека е позната како голем верник, тоа нејзе посебно и’ значело, пишува Блиц.
Сека од моментот кога дозна дека е бремена, претчувствуваше дека носи син. Иако не сакала да говори за тоа, се испостави дека интуицијата не ја излажа. Таа дополнително е трогната од тоа што вестите од лекарите стасаа токму на Благовец. Познато е дека Сека е голем верник, па оваа симболика и внесе дополнителен мир, вели добро информиран извор.
Таа пред неколку недели отиде на посебни испитувања за точно одредување на полот.
Сека убавите вести ги сподели и со обожавателите на Инстаграм.
На Благовец дознав прекрасна вест… Ќе родам момче! Му благодарам на Бога за се, напиша пресреќната пејачка.
A photo posted by Seka Aleksic (@seka_aleksic) on