Нема простор за загриженост. Парите на граѓаните се најсигурни во македонските банки. Гувернерот Димитар Богов во изјава за Економски.мк вели дека во последно време се шират оркестрирани шпекулации чија цел е да се создаде притисок врз банкарскиот систем, но економските фундаменти во земјава се здрави и сите параметри покажуваат дека не може да дојде до валутна криза односно до девалвација на денарот.
Обично кога некоја валута се наоѓа под закана, во земјата има платно – билансна криза. Во Република Макеоднија во последните два месеци имаме вишок во платниот биланс, а во последните пет години имаме исклучително низок дефицит кој е помал од 2% од БДП и кој лесно се покрива дури и при пониско ниво на странски директни инвестиции. Така што целосно се неосновни овие шпелукации, единствено што придизвикуваат е психоза која има за цел создавање на поголема побарувачка и одреден притисок. Но НБРМ има моќни инструменти кои може да ги употреби и да ја стабилизра ситуацијата за кратко време, но во тој случај цената ќе ја платат сите еконсми чионители и таа ќе биде повисока, вели гувернерот Богов.
Заради шпекулациите деновиве има повлекување на помали депозити од банките. Слично било и лани по кумановските настани, но ситауцијата била брзо стабилизирана, а најмногу загубиле граѓаните кои повлекувајќи си ги орочените пари ја изгубиле каматата. НБРМ деновиве регистрира и зголемена побарувачка на евра, но девизниот пазар е стабилен.
Има зголемена побарувачка за девизи, но девизи има доволно на пазарот. Менувачниците шпекулираат. Секој кој чувствува загриженост ноже слободно во било која банка и без ограничување да си купи девизи колку сака, вели Богов за Економски.мк
Девизните резерви во моментов се на нивото од крајот на минатата година или 2.270.000.000 евра што е над нивото кои го прпеорачува ММФ. Банките се здрави и високо ликвидни, а во нив се чуваат околу 5 милијарди евра штедни влогови на фирмите и граѓаните. Штедењето расте во континуитет, а во март е забележан раст од над 22 милиони евра.