На утрешниот пријателски натпревар против селекцијата на Летонија, за прв пат репрезентативниот дрес ќе го облечат Крсте Велкоски и Кире Ристевски, а повратници во сениорската репрезентација се Горан Попов, Муарем Муарем, Бесарт Ибраими и Стефан Спировски.
Одличниот играч за врска на полскиот прволигаш Висла Краков, Остоја Стјепановиќ пред натпреварот изјави дека сите репрезентативци имаат уште еден мотив плус, да се докажат пред новиот селектор и да го презентираат својот потенцијал во малку поинаков состав од претходните.
„Контролниот натпревар против Летонија е можност да го увидиме нашиот потенцијал во малку поинаков состав од претходно. Ние треба постојано да се стремиме кон ново докажување, тоа треба да го правиме на секој тренинг или натпревар, сега имаме дополнителен мотив пред новиот селектор. Се надевам дека сите ќе го дадеме максимумот да започнеме една нова ера во македонскиот репрезентативен фудбал”, изјави Стјепановиќ.