ФОТО: Бразилското карневалско лудило, спој на самба, бои и музика

Самба, сексипил, енергија, забава, експлозија на бои и костими…Бразил живее во духот на Карневалот, традиција која се практикува 150 години.

Четиридневна прослава на животот и самбата низ улиците и плажите  на Рио Де Женеиро, проследена со многу еуфорија и возбуда.

Карневалот во Рио де Жанеиро започнал да се одржува пред повеќе од век и половина , кога доселениците од Португалија парадирале по улиците на градот танцувајќи на полки и валцери, а на почетокот на дваесеттиот век, работничката класа, главно домородно население, ја создало самбата и тогаш карневалот го добил денешниот лик.

A reveller from the Perola Negra samba school takes part in the Special Group category of the annual Carnival parade in Sao Paulo's Sambadrome March 1, 2014.

Карневалското лудило започна во петокот, а ќе заврши вечерва со гламурозна и урнебесна забава. Се очекуваат повеќе од милион посетители и над 73 милиони долари заработка.

Најмасовниот и најпопулaрниот карневал во светот зaпочнува со Самбадромот, односно 12  училишта за самба кои се натпреваруваат меѓу себе, не само во танцувачките способности, туку и во креативноста за изработка на уникатна флота, костими и музика.

Карневалот во Рио симбол за самба и танц, забава дополнета со експлозија од звуци и бои, традиција која секоја година зема се поголеми размери.