Хрватски државјанин вчера бил најден мртов во автомобил во Скопје.
Како што информира МВР, вчера околу 18,30 часот од страна на Итната медицинска помош во полицијата било пријавено дека во Скопје на улицата „Орце Николов“, во патничко моторно возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат хрватскиот државјанин Тихомир Ч.(49).
По наредба на Јавен обвинител, соопшти денеска МВР, телото на починатиот е предадено на обдукција.