До сабота времето ќе биде претежно стабилно и топло. Дневните температури ќе бидат за околу 2 степени пониски од денешните, но вдолж Повардарието сепак ќе имаат натпросечни вредности, информираат од УХМР.
Од недела во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и појава на грмежи, а температурата ќе биде во благо опаѓање.
Денес времето ќе биде сончево и многу топло, а попладне во западните и северните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.