Најизвесниот републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, стигна денеска во Шкотска, и порача дека е „извонредна работа” што народот на Велика Британија на референдумот гласал за излегување од Европската унија и ја „вратил својата земја”.
„Guardian“ забележува дека е интересен тајмингот за посетата на Трамп на Шкотска, каде тој стигна на своите голф терени на ден по одржувањето на британскиот референдум.
Според милијардерот, и други земји би можеле да го следат примерот на Велика Британија, односно, „таа нема да биде последна.