Во минатата колумна пишував дека Велика Британија сака да излезе од ЕУ и тоа не толку заради имигрантите, туку заради идните руски ракети. Народот добро сфаќа каде го турка светската мафија. Затоа и спротивно на сите пропагандни прогнози/вклчително од нашите политички потрчковци/„Брегзитот“ беше изгласан. За него подршка дадоа „обичните“ луѓе, за кои животот е најголема вредност.
Останување во ЕУ сакаа богатите и алчни корпорации, профитери и криминалци кои не знаат дека насита за човечкото око не се парите, а малку земја. Сега Германија и поголемиот дел од Европа вклучен во ЕУ, ставени се на удар како пред Втората светска војна. Ударот не е само економски, а ќе биде и воен. Впрочем, Путин може да тестира дали Германците се извлекле поука од историјата со предлог за укинување на санкциите кон Русија и стратешко партнерство во сите области. На тој начин ке се види целосната марионетна улога на Германија како економски и воен вазал на САД.
Британците го избраа животот, затоа што нивниот Черчил кажал:
„Нема вечни пријатели, само вечни интереси“.
Проблемот на дисциплинираните тевтонци е во тоа дека размислуваат и дејствуваат само во еден правец. Затоа неколку пати го јадат стапот во светски рамки.
Го пишувам сето тоа, бидејќи во споредба со Германците, кај нас ниту има дисциплина, ниту такво чувство за опасност, а пак нашите политичари се исто како германските – еднодимензионали фаци, зомбирани луѓе кои не знаат на кој свет се наоѓаат. Во момент кога коосновачот на ЕУ бега од својата творба, македонски политичари зборуваат дека ќе станеме дел од Унијата. Во време кога англискиот амбасадор Гарет активно работи за уништување на македонската држава, нашиот министер за надворешни работи жали дека со излегувањето на Велика Британија од ЕУ сме губеле најсилен подржувач за влез во нејзе. Тоа веќе не е дури за глума, ниту за „Еднооки“, тоа е шизофренија.
ТОА ЗНАЧИ ДЕКА НИ Е ПОТРЕБНА ЧАС ПОСКОРО НОВА ВЛАДА.
Притоа, не Влада наредена од надвор како пред две години САД го пуштија спуштија предложија Јолевски за министер за одбрана без знаење на претседателот Иванов. Во своето обраќање претседателот мораше да каже и за тоа, како и за уцените на Бејли, Гарет, Ораф, Хан при средбите со него. За тие уцени се знае, како и за уцените врз Груевски, но е битно да ги дознаеме директно од нив. По две причини. Прво, заради кредибилитетот на државните институции. Второ, заради кредибилитетот на луѓето со претензии за лидерство.
КАКОВ КРЕДИБИЛИТЕТ МОЖЕ ДА ИМАТ ВО ОЧИТЕ НА „ОБИЧНИТЕ“ ЛУЃЕ ТАКВА ИНСТИТУЦИЈА И ЛИДЕР КОИ МОЛЧАТ ЗА ЗАГРОЗЕНОСТА НА ДРЖАВАТА, А ТИЕ ЈА ДОБИВАТ ИНФОРМАЦИЈАТА ПО ДРУГИ КАНАЛИ? ЕТЕ ТУКА СЕ КИНЕ ВРСКАТА МЕЃУ ПОЛИТИЧАРИТЕ И НАРОДОТ.
Тие сами го понижуваат македонскиот народ со зборови: Народот ќе ги има своите 20 секунди или Народот ќе ги има своите пет минути. Демек, кога гласа на избори.
САМО ШТО, ОД АНТИКАТА ДО ДЕНЕС МАКЕДОНЕЦОТ САКА ЦЕЛОСНО ДА ОДЛУЧУВА ЗА СЕБЕ, А НЕ ПРЕКУ ДРУГИ.
Не случајно пред Христа сме имале држава седум века, а по Христа и до денес вкупно малку повеќе од век. Притоа во тешка состојба. Во првиот случај станува збор за договорни односи мегу државниот лидер и народот, со исти права за двете страни. Во вториот случај – за државна бирократија и создавање на корумпирана политичка елита. Независно дали во СФРЈ или во божем самостојна Македонија.
ЈАЗОТ МЕЃУ МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ЈА УНИШТИ ДРЖАВАТА, КОЈА МНОГУ ВЕКОВИ НЕ ПОСТОЕШЕ ТОКМУ ЗАРАДИ ТОЈ ЈАЗ.
Затоа и двете страни мора да…