Кривични за иницијаторите за изградба на споменик на албански војници во Струга

Спомен обележјето почна да се гради во септември годинава

Петмина членови на Иницијативниот одбор за подигнување спомен обележје на албанските војници кои учествувале во Македонско албанското востание против српскиот окупатор заработија кривични пријава поради обидот незаконски да изградата споменик на црковно земјиште кај Теферич во Струга.

Полицијата поднесе кривични пријави за кривични дела од Законот за градење и Законот за просторно и урбанистичко планирање против В.А. (47), М.С. (52), З.Љ. (43), Ф.С. (31) и М.К. (29).

Иницијативниот одбор споменикот почна да го гради кон крајот на септември, но со интервенција на Струшкиот завод за заштита на споменици градбата беше спречена бидејќи тоа земјиште според стари документи е црковно.