– Со климатизацијата се опфатени кино „Фросина“, џепното кино, галеријата, влезниот хол и сите простори каде имаше потреба. Со овој зафат по 40 години се овозможува во концертната сала да се изведуваат театарски претстави и концерти и во текот на летото, рече Трајановски.
Покрај ова, како што рече, Град Скопје во изминатите четири години има вложено околу 26 милиони денари за реконструкција и за опремување на МКЦ. Реконструкцијата го опфати киното „Фросина“, сценскиот дел, стлчињата, кино проекторот, системот за разладување и затоплување, комплетно е реконструирана ликовната галерија, џепното кино каде се набавени проектор, столчиња, сценскиот дел, опрема за кино „Милениум“, обновени се санитариите, подрумот, влезниот хол…
– Во изминатите четири години завршена е реконструкцијата на фасадата, покривот и прозорците на МКЦ во вредност од 640.000 евра, рече Трајановски.
Директорот на МКЦ Златко Стевковски потсети и на други проекти, како целосно опремување од аудио и светлосна опрема, поставување рампа, поставување 3Д проектор во кино „Милениум“, поставување дигитален проектор во кино „Фросина“, проектор во џепното кино.