До денот на изборите лични карти по брза постапка

Без биометриски документи 124.962 граѓани, до изборите ќе се издаваат по брза постапка, истакна министерката за внатрешни работи, Гордна Јанкуловска, по денешната средба со  Управните служби во престрет на организирањето на престојните претседателски избори.

Јанкулоска појасни  дека 124.962 граѓани воопшто немаат биометриски лични карти, а 12.255 граѓани кои ги има во избирачките списоци се со истечени документи и ќе мора да ги обноват ако сакаат да го остварат своето избирачко право.

„Одлучивме во овој период до изборите сите документи да се разгледуваат по брза постапка, веднаш да се одобруваат и веднаш да се изработуваат се со цел да им излеземе во пресрет на колку што е можно поголем број на граѓани кои ќе пројават интерес за остварување на нивното избирачко право“, нагласи министерката која додаде дека според податоците на МВР досега се издадени вкупно 1.934.323 лични карти и 1.857.909 патни исправи.