Новата колекција ќе ја потпишат Мерт Алас и Маркус Пигот, а сите новости околу неа ќе можат да се следат на Твитер преку хаштагот #VersaceLovesGaga.
Но, и Гага ги сака „Верчасе“. Пејачката повеќе пати покажа верност на овој бренд. Пред две години Донатела од личната архива извади уникатни парчиња за потребите за снимањето на „Edge of Glory”, а една година подоца таа ги носеше моделите на „Версаче“ за време на нејзината турнеја „Born This Way”.
Но, и тоа не е се’. Неодамна ја објави нејзината нова песна „Донатела“ во која, меѓу останато пее „Која е таа кучка, толку слава, толку богата, русокоса и прекрасна“.
А како на друг начин Донатела да и се одолжи за прекрасните зборови, ако не со спонзорство за новиот спот и кампања во која токму таа, контроверзната, но мошне талентирана Гага е заштитно лице?
И секако, мора да признаеме дека Гага со долгата, руса коса наликува на славната дизајнерка.