Австрија ќе и додели помош од 500.000 евра на Македонија по поплавите од Фондот за елементарни непогоди во странство, соопштено е денеска во Виена.
Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц прецизира дека тие средства ќе бидат ставени на располагање на австрискиот и македонскиот Црвен крст.
Средствата треба да бидат искористени за евакуирање на лицата во привремени престојувалишта.
– Се подразбира дека Австрија како партнер и помага на Македонија. Не смееме да ги оставиме луѓето по ова невреме да ги оставиме на цедило, порача Курц во соопштението.