„Продиџи“ ќе донира за поплавените во Скопје

Англиската електронска група „The Prodigy“, која на 14 август ќе настапи во Охрид, на својата фејсбук страница напиша дека ќе донира за настраданите од поплавите кои во саботата го зафатија Скопје и околината.

Членовите на групата упатија сочувство до семејствата на жртвите.

– Срдечна почит за Македонците кои ги изгубија животите и беа погодени од поплавите. Ние ќе донираме во знак на солидарност на Црвениот крст на Македонија. Сочувство за сите жртви, нивните семејства и за сите македонски борци, напиша групата на социјалната мрежа.

Концертот на „The Prodigy“ треба да се одржи на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, во рамки на првото издание на фестивалот на отворено „Ohrid Calling“.