Московскиот весник „Комерсант“ објави тврдења на анонимен извор од безбедносните служби, според кој групата уапсени лица под обвинене за планирање напади на Крим, признале дека го направиле тоа „за да ја уништат туристичката индустрија“.
Уапсените признале дека планирале серија бомбашки напади врз туристички центри на Крим, со цел да предизвикаат паника која ќе го уништи туризмот, а притоа никого да не убијат, пишува весникот.
Разузнавачкиот извор истакнал дека двајца од вкупно седумте саботери се убиени, додека останатите петмина се уапсени.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја обвини Украина за користење терористички тактики, со цел да предизвика нови судири и да го дестабилизира Крим, кој Русија го анектира во 2014 година, додека Киев ги демантираше тврдењата на Москва, оценувајќи дека „станува збор за провокација и зголемување на тензиите во Киев“.