Без електрична енергија утре од 11:00 до 14:30 часот ќе бидат корисниците на улица „Речиште“ во село Драчево, во општина Кисела Вода.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради закажани технички зафати во мрежата.
Од 08:30 до 10:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците на улица „Борис Трајковски“ подулици 3 и 4, во општина Кисела Вода.
Без електрична енергија од 09:30 до 14:30 часот ќе бидат и корисниците од село Долна Матка, на делот од манастирот до езерото, во општина Сарај.