Сончево и топло време цсо мала до умерена локална облачност не очекува во текот на денешниот ден.
Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од осум до 17, а дневната од 28 до 35 степени.
Во Скопје слично време со температура од 14 до 33 степени и УВ индекс 8.
До задутре ќе се задржи стабилно, сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Температурата се движи од 29 до 36 степени. Во среда попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе бележи благо опаѓање.