За десерт подгответе пудинг во комбинација со суво грозје.
Потребно:
100 гр суво грозје
4 лажици лозова ракија
1 ќесичка желатин во прав
500 мл млеко
200 гр гриз
80 гр шеќер
1 ванилин шеќер
250 гр павлака
40 гр сечкани фстаци
1 кг сливи (може и смрзнати)
125 мл црно вино
125 мл сок од грозје
цимет
2 лажици нишесте
јајца
Подготовка:
Сувото грозје преку ноќ оставете го потопено во ракијата. Во зовриеното млеко, сипете го гризот и мешајте. Жолчките од јајцата заедно со шеќерот,желатинот и ванилиниот шеќер, додајте ги во гризот и продолжете да мешате. Белките и павлаката изматете ги одвоено. Во смесата додадете ги сувото грозје и 2/3 од фстаците. На крајот ваквата смеса ставете ја во садови и оставете да се стегне.
Сливите ставете ги во тенџере, ставете црвено вино, сок од грозје и цимет, и оставете да се вари. Откога ќе изврие, оставете го на оган уште 3 минути. Нишестето разметете го со вода и полека додадете го во садот за варење. Откога ќе се излади, посипете го пудингот со компотот од сливи, а за декорација употребете го остатокот од фстаците и сувотo грозје.