Сопствениците на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, веќе потврдија дека ќе потрошат сериозна парична сума за време на летниот преоден рок, а француските медиуми открија кој се може да го носи дресот на ПСЖ во новата клупска сезона.
Предводникот на “светците”, Лорен Блан има потреба од нов централен дефанзивец, а на неговиот список можат да се прочитаат имињата на Давид Луиз (Челзи), Елиакуим Мангала (Порто) и Мехди Бенатиа (Рома).
Како идеални за левата и десната бековска позиција се дефинирани Дани Алвеш (Барселона) и Метју Дебуши (Њукасл).
Средниот ред ќе биде креативен ако се осигураат услугите на Пол Погба (Јувентус) и Миралем Пјаниќ (Рома), додека за крилните позиции се резервирани Еден Азард (Челзи) и Педро (Барселона).
Освен списокот со засилувања, Блан веќе го дефинира и списокот со фудбалери на кои ќе им биде покажана излезната врата од “Паркот на Принцовите”.
Карта во еден правец ќе добие повремениот репрезентативец на Франција, Жереми Менез, потоа на аргентинските интернационалци Езекил Лавеци и Хавиер Пасторе, на бразилскиот дефанзивец Алекс, како и на репрезентативците на Италија и Уругвај, Марко Верати и Единсон Кавани.