Според Државниот завод за статистика, во споредба со јули 2016, продажните цени на домашниот пазар биле повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 отсто, Енергија за 0,4 и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2.
Во август 2016 во споредба со истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар биле повисоки во групите Капитални производи за 6,5, Трајни производи за широка потрошувачка за 4, Енергија за 1,8 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто.