Жителите на општина Центар вечерва се самоорганизираа во чистењето на снегот од пред своите порти. Денеска Жерновски на неговиот Фејсбук профил се пофали дека има отворена телефонска линија и дека возилото е на терен, но очигледно тоа е само на фотографиите пред општинскиот службен фото- објектив.
На терен тоа ниту функционира, ниту пак некој се јавува. Граѓаните на улиците „Истарска“, „Светозар Марковиќ“, „Битолска“ и „Благоја Деспотовски- Шовељ“ во Центар реагираа за неификасноста. Ги посетивме вечерва и освен нашата екипа немаше никој од Општина Центар иако биле повикани да им помогнат.
Премрзнати на студот жителите сами го чистеа снегот. Еден од граѓаните револтирано изјави: „Жерновски само го бива да се слика, а никаде го нема овде со нас. Пред избори ќе дојде, но да чисти снег нема никој од општината“.
Друг граѓанин сведочеше дека се јавил на отворениот број од општината најмалку 3 пати, но залудно. Освен ветување, нервоза и трошок на мобилната сметка, ништо не добил од општината Центар. Тоа незадоволство е присутно со разни сведоштва и на социјалните мрежи.
Во продолжение погледнете ги фотографиите направени вечерва од улиците „Битолска“, „Светозар Марковиќ“, „Благоја Деспотовски- Шовељ“, „Истарска“, како и улици во Маџир Маало и Буњаковец.