Македонскиот ракометен шампион Вардар СЦБТ сигурно чекори кон нова титула во националниот шампионат. Вардаркилесно го совладаа најголемиот конкурен за трофејот ЖРК Металург, на гостински терен со 31:25 (15:11).
Ова беше четврта победа за „црвено-црните” оваа сезона против Металург, на петте одиграни натпревари. Со новите три бода Вардар СЦБТ сега има 31, шест повеќе од второпласираниот ЖРК Металург.
Најефикасна ракометарка во составот на Вардар СЦБТ беше Штериова со шест гола, додека Лекиќ постигна четири. На спротивната страна Меческа и Грозданоска беа стрелци на по четири погодоци.