Рејтингот на Трамп меѓу Америкнците продолжува да се намалува

трамп

Само 40 отсто од Американците се согласуваат и ја подржуваат политиката што ја промовира и ја спроведува претседателот Трамп, додека 55 отсто од анкетираните се против.

Станува збор од негативна разлика од 15 отсто, што според Галуп е највисоката откако Трамп и формално ја презеде фунцијата претседател на САД.

Рејтингот на актуелниот претседател е далеку под нивото што во првите триестина дена од мандатот, го имале тројцата неговите претходници -Бил Клинтон, Џорџ Буш помладиот и Барак Обама.

Сите тројцата, во своите први мандати во тој период во традицинаните анкети на Галуп, имале над 50 отсто подршка од Американците.

Медиумите во САД забележуваат дека во измантите неполни десет дена, рејтингот на Трамп е намален за нов три отсто, во споредба со претходното мерење, што го направи телевизиската комапнија Си-Ен-Ен.

Податоците од анкерата на Галуо доаѓаат во време кога Трамп и неговата Администрација продлжуваар да војуваат со судиите, кои не го поддржуваат неговиот антиимигрантски декрет и со медиумите кои го критикуваат.

Последната негативна реакција во домашната јавнист беше отркако претседателот на САД застана во одбрана на својата ќерка Иванка, осудувајќи ги остро стоковните куќи што одлучија да ги откажат нарачките од нејзнината модна линија.

Во дел од медиумите се појавија критики дека Иванка Трамп се обидува да го искористи својот татко-претседател за да го потикне својот бизнис.

Во одбрана на ќерката се огласи и една од советничките на претседателот, која подоцна се извини за сторената „грешка“.