Според информациите, тепачката избила во локалниот билјард клуб. Во неа, според очевидците се користело и огнено оружје.
На местото веднаш дошле полициски службеници од единицата Алфа, но се уште нема информации во каква состојба се повредените.
Од МВР го потврдија инцидентот. Повеќе детали велат дека ќе бидат објавени во денешниот полициски билтен.