„Информер“ за Заев: Овој човек не е нормален!

Албанскиот платеник и лидер на опозициската СДСМ, Зоран Заев вчера вечер во интервју српскиот портал Курир.рс, бесрамно го нападна премиерот на Србија, Александар Вучиќ, обвинувајќи го дека е националист и дека намерно предизвикува напнатост и криза во регионот, пишува Информер.рс.

Заев во емисијата „Да не се лажеме“ која се емитува на Курир.рс., на прашањето „Зошто националистичките кругови повеќе го симпатизираат Груевски отколку него“ одговори:

-Затоа што во Србија постои исто такво националистичко раководство на господинот Вучиќ, кој себеси се декларираше како лидер во регионот, но во првиот момент кога дојде до тоа да е загрозена неговата политичка кариера се покажаа сите негови националистички позиции. Ја на политичарите, вклучувајќи се и себеси, гледам како нешто што поминува. Ние доаѓаме и одиме, но не треба да оставаме негативни последици помеѓу нашите земји. Можеби со ова што го говорам ќе повикам некои членови на српската влада, некои министри од Србија ми се пријатели, да кажат што се подобрило во односите меѓу Србија и Македонија откако е Груевски на власт, изјави Заев за Курир.

Заев потоа излажа дека не работи заедно со албанските партии во Македонија на реализирање на тиранската платформа, пишува Информер.

-Никој не бараше Зоран Заев да направи нешто против Македонците, против Србите, против било која етничка заедница или против било кој од нашите соседи. Слушнавме обвинувања дека Заев прифатил да ја тужи Србија за геноцид. Тоа е за мене ист, мој народ. Како би можел таква работа да прифата. Сакам да кажам дека изјавата која ја дадов непосредно пред нашите избори, некаде во август 2016 година, а јас ја дадов мојата изјава затоа што така чувствував, кажа Заев кој има намера да дојде на власт во Македонија со Талат Џафери, кој во 2001 година беше еден од водаите на терористичката организација ОНА, а обвинет е дека свирепо ги убивал македонските полицајци, пишува во текстот на Информер.

zaev informer

За и понатаму ги негираше зборовите на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи дека е спремен да поддржи тужбата за геноцид против Србија, пишува во текстот.

-Тоа не е точно. Ја и не ни знам дека постои таква изјава затоа што ние треба да добиеме мандат да започнеме преговори. Значи, се уште не сме преговарале. Ѓорге Иванов не му дава мандат Заев како би започнав преговори, изјави Заев.

Тој потоа повторно го нападна Вучиќ, но и шефот на руската дипломатија Сергеј лаврој, кој кажа дека во Македонија станува збор за насилно преземање на власта.

– Прв пат слушам, но тоа не ме чуди од Русија. Јас сум политичар кој заедно со 75 проценти од граѓаните на Македонија верува дека нема алтернатива за Македонија освен полноправно членство во ЕУ и НАТО. Во Србија ЕУ има поддршка, но НАТО нема поради бомбардирањето во 1999 година. Овде се сите за ЕУ и НАТО и тука нема дилеми. Русија се меша овде и не знам зошто го прави тоа. Јас би сакал да имаме соработка со Русија. Македонија е мала земја, ние сме православни христијани, но немаме никаква дилема дека нашата иднина е во ЕУ и НАТО. Кога во Србија се даваат изјави за „македонско сценарио“, тоа само покажува дека некои политичари не се сериозни. Ги гледав спотовите во предизборната кампања и го видов дури господинот Вучиќ им се обраќаше на граѓаните: „Гласајте за мене да не ви се случи македонско сценарио!“. Во Србија господинот Вучиќ победи на изборите. За какво македонско сценарио тој говори? Можда потсвесно знае дека кога тогаш ќе изгуби, а не би сакал промена па говори за македонско сценарио, изјави Заев за курир.рс.