Ракометарките на Вардар супериорно преку Букурешт во финалето на Лигата на шампионите

(Фото: zrkvardar.mk)

И покрај далеку поголемиот број исклучувања и пенали во полза на противникот, ракометарките на македонскиот првак ЖРК Вардар супериорно триумфираа над актуелниот носител на титулата ЧСМ Букурешт со 38:33 (21:13) и во четвртиот обид во низа се пласираа во финалниот натпревар во Лигата на шампионите, во кој во недела во Будимпешта ќе се сретнат со минатогодишниот финалист домашниот Ѓер.

Натпреварот се чини беше решен уште на самиот почеток, кога вардарки тргна решени да се реваншираат на ЧСМ Букурешт за минатогодишната елиминација, исто така, во полуфиналето. ЖРК Вардар демонстрираше моќност, зрелост и тактичка мудрост. Па дури и кога поради темпото на мечот противникот во второто полувреме се закани со две серии не се поставуваше прашањето за конечниот победник.

Вардар веќе по шест минути игра поведе со четири голови разлика (5:1), со шо го принуди Букурешт многу рано да оди на тајм-аут за да ја прекине серијата. Сепак, вардаровата одбрана остана концентрирана и прилагодена на сменетиот концепт за напад на противникот, па веќе во 15 минута македонскиот шампион водеше со „плус шест“ (12:6). Поради определбата она што одбраната не можеше да го спречи, да се прави фаул за пенал противникот добиваше шанси за намалување, но Ирина Суслина, за две минути одбрани два пенала по ред, а пота уште еден во низа. Од друга страна нападот на Вардар беше на вистинско ниво за врвното натпреварување со процент на реализација на нападите од 72 отсто, додека одбраната имаше ефект од 50 отсто успешност.

Следуваше нова серија на вардарки, и од 19 минута до 25 минута ја направија и највисокат апредност од 11 голови (20-9). ЧСМ Букурешт делуваше демолирано, ЖРК Вардар прецизен и дисциплиниран. Наметнатото темпо беше тешко за ракометарките, па вардаровото водство се реши на бројни ротации во играта, а и раометарките кои влегуваа од клупата продолжуваа со истото темпо. Сепак, Букурешт направи една мини серија, и го намали водството на Вардар на осум голови, со кои се отиде на одмор со резултат 21:13.

За одбележување е последниот напад на ЧСМ Букурешт, откако вардари не го рализираа претодниот напад, кога во контра Кармен Мартин трчаше, а Татјана Хмироа сакајќи да ја прекине акцијата, со нога ненамерно ја удри, а руските судијки откако ја прегледаа снимката на Хмирова ѝ покажаа црвен картон со што  Вардар го почна второто полувреме со играчка помалку.

Но второто полувреме претставуваше само во рутина во кој вардарки само ја потвдрија својата доминација на овој меч, со сигурност приведувајќи го до крајот натпреварот на веќе детронизираниот европски шампион. Вардар ја играше својата игра, неговите ракометарки стрелаа од сите позиции и ја одржуваа позитиват. Гостинките ја менуваа тактиката во одбраната, но безуспешно се обидуваа резултетски да се вратат во мечот.

Андреа Пенезиќ со седум гола беше најефикасна кај македонскиот шампион, пред Радичевиќ и Лекиќ со по шест и Лакабрер со пет постигнати погодоци.

Вардарки во недела во 17,45 ќе играат против Ѓер кој претходно во првото поолуфинале ја совлада Будуќност со 26:20 и полните трибини во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта во големото финале за првата шампионска титула во Лигата на шампионите.