Македонската економија според најновата прогноза на Светската банка годинава ќе има раст од 2,8 проценти, следната 3,3 и во 2019 година 3,8 проценти.
Во најновиот извештај Светската банка за годинава предвидува највисок економски раст во регионот на Косово со 3,9 проценти.
Албанија се прогнозира дека ќе има економски раст од 3,5 проценти, БиХ 3,2 проценти, Црна Гора 3,3 проценти, Србија 3 проценти и Хрватска 2,9 отсто.
Економијата во 2018 година во регионот треба да има раст од 4,2 отсто во Косово, 3,7 во БиХ, 3,5 проценти во Албанија и Србија, Црна Гора 3 процентии 2,5 во Хрватска.
Во 2019 година се предвидува раст на косовската економија од 4,4 проценти, во БиХ економијата треба да има раст од 4 проценти, Албанија од 3,8 проценти, Србија 3,5 проценти, Хрватска 2,6 проценти и Црна Гора 2 отсто.