Силен земјотрес со тмагнитуда од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди егејскиот брег на Грција во понеделникот, соопшти американскиот Геолошки завод (USGS), а грчката државна телевизија ЕRT наведе дека во селото Вриса, на островот Лезбос, има најмалку десет повредени лица во урнатините од старите куќи, пренесуваат француските медиуми.
„Десетици домови се урнати и селските патишта се блокирани. Се обидуваме да ослободиме жена која е заробена во урнатините“м изјави за ERT надзорникот на регионалната противпожарна служба, Мариос Апостолидес. Додаде дека се урнаит десетици објект и оти се блокирани улици и патишта.
Епицентарот на земјотресот, што се случи во 15,28 часот по локално време, бил на 11 километри јужно од селото Пломари, на јужниот грчки остров Лезбос, на длабочина од седум километри. Потоа следел афтершок со магнитуда од 4,8 и уште неколку послаби подземни удари.
Имајќи предвид дека епицентарот е меѓу Лезбос и турскиот град Карабурун, во округот Измир, потресот бил почувствуван во повеќе турски градови, меѓу кои и во Истанбул, Измир и Чанакале и предизвикал голема паника меѓу населението. Турските медиуми јавуваат дека досега се регистрирани 33 последователни потреси.
Британските медиуми, повикувајќи се на наводи на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ESMC), соопштуваат дека во текот на ударот во Грција се треселе згради и додава дека земјотресот се почувствувал и на острвите Самос и Хиос, како и во Атина и на целиот полуострвов Атика.
Поради геолошките караткеристики потресите во овој регион се чести и најбројни на европскиот контаинент, иако се ретки над 5,5 степени по Рихтер, границата над која се очекуваат материјални штети.