Теловска: Макрадули јавно поддржува написи со кои се навредува Турција и турскиот народ

Јани Макрадули заменки министер од редовите на СДСМ на социјалните мрежи јавно поддржува написи со кои се навредува Турција и турскиот народ кој се наши пријатели. Турција е наш поддржувач во сите политички процеси на меѓународна сцена. Исто така таа е поддржувач на нашето право во примена на нашето уставно име Република Македонија, изјави Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваквите написи како конкретниот на Ивор Мицковски го повредуваат чувството и на Турците кои живеат во Македонија. Тие се лојални граѓани на Македонија, работат и придонесуваат за нејзиниот развој. Ова молчење од страна на СДСМ и нивниот Претседател Господин Зоран Заев може да значи одобрување на вакви постапки. Затоа ние сме загрижени дека со ова постои можност да се нарушат односите помеѓу Македонија и Турција. Повторно ги повикуваме и претставниците на СДСМ и нивниот Претседател господинот Зоран Заев да излезат и јавно да се произнесат во врска со ваквите скандалозни постапки“, рече Теловска.