Професорот Љубомир Цуцуловски во гостувањето на Телевизија Алфа вели дека доколку имало обвиненија за ДУИ од СЈО, тогаш не би постоела коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ.
„Нормално е дека ДУИ го нема во обвининенијата на СЈО, бидејќи ако ДУИ го имаше ќе ја немаше коалицијата. Според тоа, објаснувањето е доста едноставно, или едно од објаснувањата е токму тоа“, истакна Цуцуловски
Додаде дека за да се дојде на власт треба однапред со некого да се коалицира, а тој треба да се аболира или да се ослободи од какво било обвинение.