Еден маж е уапсен со четвртокот откако се обидел со автомобил да се забие меѓу луѓе кои стоеле пред џамија во париското предградие Кретеј, објави полицијата додавајќи дека во инцидентот нема повредени.
Во префектурата соопштиле дека возачот на сув возилото се обидел неколкупати да ги мине препреките пред џамијата, а потоа го напуштил местото на инцидентот и бил уапсен во неговиот дом.
Според медиумите, тој не бил пијан и не бил под влијание на дроги. Се наведува и дека уапсениот има ерменско потекло, кој изјавил дека сакал да се „одмазди за Баталкан и за Елисејските полиња“.
Полицијата соопшти дека засега не се познати мотивите на уапсениот, а дека не успеал во својата намера поради препреките кои се поставени пред џамијата. Засега, исто така, инцидентот не е квалификуван како обид за терористички напад.
Според весникот Le Parisien, мажот сакал да се одмазди за нападите поврзани со терористичката групација Исламска држава во кои во текот на изминатите неколку години во Франција загинаа близу триста луѓе.