Изгоре „порше“ на скопјанец

Архивска илустрација

Автомобил марка „порше“ изминатата ноќ било опожарено пред Градскиот стадион во Скопје.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 30 минути по полноќ во ЕИК-Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во близина на Арена „Телеком“ имало опожарено возило „порше“ со скопски регистерски таблици, сопственост на А.Д., а управувано од М.Д. од Скопје.

Од страна на полицаец од местото на настанот било подигнато шише со бензин. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.авомобил, пожар