САД: Иран е водечки спонзор на тероризмот

Иран и понатаму е водечка држава во светот која спонзорира тероризам, се наведува во извештајот на Стејт департментот за меѓународен тероризам за 2016 година.

Во него се укажува дека бројот на терористички напади од 2015 до 2016 година на глобално ниво е намален. Иран цврсто поддржува антиизраелски групи, како и застапници кои дестабилизирале и онака разорувачки конфликти во Ирак, Сирија и Јемен.

Во извештајот се додава дека Техеран продолжува да регрутира во Авганистан и Пакистан шиитски екстремисти за борби во Сирија и Ирак, а иранската поддршка за либанското движење Хезболах останува непроменета.

Во документот се вели дека ИД е одговорна за најголем број напади отколку која било друга група во 2016 година и настојува да ги прошири своите операции особено откако почна да губи територии во Ирак и Сирија.

ИД извршила во 2016 година 20 отсто повеќе напади отколку во 2015 година и има ограноци во повеќе од 20 држави. Бројот на терористички напади е намален за девет отсто во 2016 во споредба со 2015 година, односно од 11.744 на 11.072 во 2016 година. Истовремено, намален е и бројот на загинати во тие напади – 25.621. Судан и Сирја се сметаат за „држави спонзори на тероризмот“.