По историската победа над актуелниот европски шампион Хамбург на ракометарите на Вардар за вечер на скопскоот аеродром им се подготвува свечен организиран пречек.
Ракометарите се очекуваат да слетаат на „Александар Велики“ во 19,30 часот. Синоќа Ракометарите на Вардар се пласираа во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, откако во 1/8 финалето го елиминараа бранителот на титулата Хамбург. Вардарци во реваншот на гостински терен славеа со 30:29 (17:15).