Жителите на скопската општина Центар видоа како се однесува СДСМ кој кога еднаш ќе ја добие довербата од граѓаните на нив заборава во наредните четири години и заедно со градоначалникот Андреј Жерновски ја втурнаа општината во истински хаос, истакна во средата Горан Богдановски, советник во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.
Според Богдановски Жерновски и СДСМ ветувајќи се и сешто, за сега четири години подоцна најголем дел од ветувањата да не бидат реализирани,
„Жерновски и СДС пред четири години им ветија на центарци два монтажни паркинзи, едниот во Капиштец на улица Козара, другиот кај Југодрво, помина мандатот на Жерновски и СДС во Центар, а ниту еден од двата паркинзи не е направен. Жерновски мислејќи дека манипулациите кои му успееја пред четири години ќе му успеат повторно, вчера се обиде да ги изманипулира жителите на Дебар Маало, ветувајќи дека тука на местото позади нас ќе направи монтажен паркинг, со кој ќе се обезбеди место за 270 до 290 возила“, подвлече Богдановски.
Дебармаалци, додаде, знаат дека монтажниот паркинг е уште едно неговорење на вистината на Жерновски и СДС, која претставува обид за манипулација на граѓаните пред изборите.
„Жителите на Дебар Маало знаат доколку Жерновски се грижеше за нив, немаше да чека 4 години, за да почне да ветува нешто кое би го направил, туку истото одамна ќе го направеше. Центарци видоа дека од се што ветија Жерновски и СДС најголемиот дел не е реализирано. Центарци видоа како се однесува СДС кој кога еднаш ќе ја добие довербата од граѓаните на нив заборава во наредните 4 години. Граѓаните на Центар знаат дека од ветувањата на Жерновски и СДС, најголемиот дел ветувања никогаш нема да се реализираат, а ветувањата се само со цел за да добијат гласови на избори“, потенцираше советникот од општина Центар.
Центарци, рече тој, видоа дека најголемиот дел што доаѓа од СДСМ е едно големо неговорење на вистината и затоа центарци на 15-ти октомври ќе им кажат не на Жерновски и СДСМ.