Седумнаесегодишна девојка од тетовско во понеделникот била тешко повредена ово пределот на главата, откако како што првично утврдила истрагата, паднала од автобис во движење.
Како што извести СВР Тетово, во понеделникот малку по 15, 20 часо во Клиничката болница Тетово била донесена 17-годишна малолетничка од селото Боговиње со повреди во пределот на главата.
Од страна на лекар и била констатирана тешка телесна повреда фрактура на черепот, со која се здобила при пад од автобус во движење, односно пред возилото да запре во селото Палчиште. Поради сериозноста на повредата во неконтактибилна состојба била пренесена во Клиничкиот џентар Скопје.
Истиот ден во 15,45 часот возачот на автобусот настанот го пријавил во Полициското одделение Жеровјане. За случајот бил запознат Јавен обвинители се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.