За мене не е изненадување во овој период да следат кривични пријави, не една, можеби и повеќе ќе следат кривични пријави. Одиме во изборна кампања, јас сум кандидат за градоначалник, нивниот кандидат му треба и некаква таква поддршка за да може да освои некој поен кај граѓаните, но веднаш да кажам дека Захариев Илчо за овие четири години работеше законито, многу професионално, многу одговорно, и затоа направивме 450 проекти. Тие проекти се во градот и најверојатно тоа им смета на моите политички конкуренти па сега во моментот кога сме во изборен период они поднесуваат кривична пријава за нешто што е кристално чисто и законито, изјави денеска штипскиот градоначалник Илчо Захариев.
-Се работи за компанијата „Актива“ која е на булеварот „Гоце Делчев“. Оваа компанија со преддоговор платила на општина Штип 1,5 милион денари за комуналии. Во меѓувреме таа компанија го направила објектот, но немала одобрение за градење и со законот за легализација кој дојде потоа како закон за легализација тие си го легализираа објектот на булеварот „Гоце Делчев“, и си платија за легализацијата. Потоа си го дооформија сопственото земјиште и останаа да висат 1,5 милион денари кои се платени како преддоговор за комуналии, а објектот е веќе легализиран по друг основ. Значи општина Штип требаше да биде тужена од „Актива“, тие 1,5 милион денари, да ги вратиме со камати, но за среќа „Актива“ почна да гради нов погон тоа е „Актива аутомотив“, значи таа е истата компанија, во индустриска зона запад направи идеален погон кој го работи со „Ван Хол“ од Белгија и нормално тоа беше шанса да ние се пребиеме со нив, односно бидејќи за објектот кој беше направен во 2004 година зборуваме за време кога јас не бев градоначалник, значи за 2005 година со закон за легализација тој објект е легализиран, си платија регуларна легализација висеа 1,5 милион денари за пред договор за платени комуналии кои ние моравме да ги вратиме назад, вели Захариев.
Тој додава дека предметот е толку кристален чист, но лично смета дека овде е чиста политичка пресметка и мора на македонската јавност и на штипската јавност да и кажам дека за мојот мандат од 4 години за секој проект во овој град следуваше кривична пријава, некаде околу 40 истраги имаше за моето работење. Досега ниту една од тие кривични пријави не е процесуирана што е доказ за мојот висок професионализам и одговорност.
-Ние никојпат нема да дозволиме, посебно јас да направам нешто кое ќе биде незаконито и кое ќе биде предмет на истражување и сомнежи. Значи општина Штип се радува што „Актива“ направи огромна фабрика, ја гради и втората фабрика, вработи над 350 лица, до денар исплатила се на општина Штип и дури беа фер и коректни, не не тужеа за да вратиме 1,5 милион денари со камати кои ќе беа многу многу повеќе. Така да мислам дека овој предмет би сакал обвинителството и истражните органи да го истражат до крај и да покажат колку министерството за внатрешни работи, работи во прилогот на една политичка партија во овој момент. Ние спокојно ја продолжуваме кампањата, за нас нема дилеми, убедени сме на сигурна победа на 15 октомври. Резултатот кажува дека 3:1 ќе тепаме во овој момент, така да таквата помош на слабиот против кандидат и конкурент од другата политичка партија мислам дека во овој момент не му беше потребно, вели Захариев.