Кина регистрирала земјотрес во Северна Кореја, се сомнева на нуклеарна експлозија

Кинескиот центар за земјотреси во саботата објави дека во Северна Кореја регистрирал потрес со магнитуда од 3,4 степени по Рихтер, како и дека е можно причината за земјотресот да е нуклеарна експлозија.

Подземните потреси биле регистрирани во 16,29 часот по локално време, или 10,29 часот по македонско време, во точка со координати од 129,06 степени источна географска должина и 41,36 степени северна географска широчина. забележува дека изворот на потресот бил во близина на земјената површина.

Според сеизмолошките податоци, најверојатно станува збор за експлозија изведена во близина на истата локација на којашто на 3-ти септември е изведена нуклеарна проба, известува кинеската новинска агенција Xinhua.

Јужнокорејската метеоролошка агенција соопшти дека ги анализира првите податоци коишто, како што тврдат нејзините стручњаци, упатуваат дека би можело да се работи за природен земјотрес.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун оваа седмица им се нафрли на светските челници поради новите заострени санкции против неговата земја поради продолќувањето на севернокорејската нуклеарна и балистичка програма. Неговиот министер за надворешни работи претходно во Њујорк, во рамките на Генералното собрание при Обединетите нации, предупреди дека Пјонгјанг може да изведе тестирање на хидрогенска бомба во Пацификот.