Размена на Кавани за Санчез

Раководството на Пари Сен Жермен ќе го продаде напаѓачот Единсон Кавани, ако успеа да го договори Алексис Санчез во летниот преоден рок следната година.

ПСЖ се обидел да го обезбеди Санчез ова лето, но Арсенал категорично ја отфрлил оваа понуда, па така раководството на парискиот клуб се насочило кон Нејмар и Килијан Мбапе, играчи за кои беа платени вкупно 400 милиони евра.

Сепак, францускиот тим ќе треба да се раздели со некои од другите играчи, за да го исполни барањата на УЕФА за финансиски фер-плеј.

Договорот на Санчез со Арсенал истекува на крајот на оваа сезона, така што Чилеанецот како слободен играч ќе може да потпише со ПСЖ уште во јануари