Очигледно дека владејачкиот СДСМ не се откажува од практиката за водење црна кампања наместо да презентира резултати, ангажирајќи во одредени таканаречени медиуми и на социјалните мрежи самопрогласени новинари во улога на корисни идиоти коишто ќе ја играат најгнасната улога во кампањата, за што сведочи постот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, со заглавие „Саше Политико, новинарскиот натрапник во службна на Заев и Марин“.
„Почитувани, СДСМ упорно продолжува со својата црна кампања во пресрет на локалните избори.
Бегањето од дебати и испраќањето новинарски натрапници, како Саше Политико, кои снимајќи со мобилни телефони ја нарушуваат приватноста на граѓаните, е јасен показател за нивото на културата кое го поседува сегашната власт во државата, на чело со нивниот премир Зоран Заев и кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од редовите на СДСМ, Златко Марин.
Во предизборието СДСМ во Аеродром покажа тотална безидејност и неконструктивност, а нискиот рејтинг на нивниот кандидат, очајно се обидуваат да го прокријат со безочни, лаги, манипулации и вакви провокации со новинарски натрапници, ко не’ демнат пред нашите домови и снимаат со мобилни телефони.
СДСМ и мојот противкандидат од таа партија се свесни за големиот пораз што ги очекува на 15-ти октомври. Откако не им успеаја сите досегашни обиди за мое за мое лично оцрнување, како и за нарушување на угледот на институцијата со којашто раководам, почнаа да вплеткуваат и самопрогласени новинари, кои од петни жили, кои од само нивни разбирливи причини, се обидуваат да им помогнат во креирањето на црни сценарија…“, напиша Коневски.
Засега непознато што му е ветено на Саше Политико за возврат за ваквиот негов ангажаман во предизборната кампања на СДСМ, но јавна тајна е дека одредени лица кои се активни подолг период по порталите и социјалните мрежи како надомест примаа по неколку стотици евра месечно.
https://www.youtube.com/watch?v=scVQYE8sptE
https://www.youtube.com/watch?v=cIYCD-2cvLc